Националната астрономска опсерваторија Рожен во Бугарија ги отвора своите врати за јавноста
Националната астрономска опсерваторија Рожен при Институтот за астрономија на Бугарската академија на науките денеска традиционално ги отвора своите врати за јавноста. Манифестацијата оваа година се совпаѓа со христијанскиот празник Педесетница, кој е и храмов празник на параклисот „Света Троица“ – изграден во 1935 година, веднаш до влезот на кулата на најголемиот телескоп на опсерваторијата.
Како најголем центар за астрономски истражувања во Југоисточна Европа, НАО Рожен повторно овозможи бесплатен влез за посетителите. Гостите имаа можност да присуствуваат на кратко предавање во кулата на 2-метарскиот телескоп – најимпозантниот од вкупно пет опсерваториски објекти со кои располага центарот – како и да прошетаат по неговата надворешна тераса.
Во фокусот беше и најновиот телескоп на опсерваторијата – „AZ 1500“, со пречник од 1,5 метри, кој беше официјално пуштен во употреба пред речиси две години. Изграден во рамки на Националната патна карта за научна инфраструктура 2020–2027 година, проектот е координиран од бугарското Министерство за образование и наука. Овој современ телескоп овозможува целосно автоматизирани набљудувања на ѕвезденото небо, без потреба од физичко присуство на оператор.
