За спасените Евреи во Бугарија*
Вили Лилков
Дали тие беа спасени, или само преживеале? И кому му го должат тоа? Нека одговорот дојде од самите Евреи.
„Ние, бугарските Евреи, сакаме да укажеме на еден на прв поглед неверојатен факт – сите сме живи. И не само тоа. Пред германската окупација на Бугарија бевме 47.000 луѓе, а денес сме 49.815. Тоа се случи без прилив однадвор; напротив – за време на фашистичките противеврејски прогонувања повеќе од 3.000 лица емигрираа од Бугарија.“
(Излагање на Централната консисторија на Евреите во Бугарија до Париската мировна конференција)
„Речиси ниту една друга држава во светот не покажала таква грижа и пријателство кон своите граѓани од еврејско потекло како Бугарија. Спасувањето на бугарските Евреи е еден од ретките светли моменти во мрачната историја на Холокаустот во Европа. Ние, еврејскиот народ, ќе бидеме вечно благодарни за херојството и чесноста на Бугарите. Ве уверувам – никогаш нема да го заборавиме стореното. Нека Бог ја благослови Бугарија и бугарскиот народ.“
(Роналд Лаудер – претседател на Светскиот еврејски конгрес)
„Денес Бугарија преговара за членство во Европската унија и треба да исполни низа услови. Но ако едно од нив беше хуманоста, тогаш не Бугарија, туку Европската унија ќе беше таа што треба да преговара.“
(Емануел Зисман – амбасадор на Израел во Бугарија при отворањето на Музејот на Димитар Пешев во Ќустендил)
Кон овие зборови на признание може да се додаде уште нешто: спасувањето на бугарските Евреи стана возможно благодарение на храброста и достоинството на многу конкретни луѓе. На добриот сосед, на пекарот или аптекарот кои подале рака во тежок момент. На фабрикантите кои, и покрај забраните, давале работа на прогонуваните Евреи. На општествените дејци, градоначалниците, митрополитите, писателите и народните претставници кои се спротивставиле на антисемитизмот и расните теории и ги заштитиле своите сограѓани.
Секој од нив – според своите сили и можности – дејствувал воден од морал и хуманост. И благодарение на таа граѓанска храброст едно огромно зло било спречено.
* Насловот е на редакцијата

