| | |

Демерџиев: Скопје одби заедничко поклонение на гробот на Гоце Делчев

Силно се надевам дека следниот пат заедно ќе однесеме цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Ова го изјави министерот за внатрешни работи на Р. Бугарија Иван Демерџиев, јавува БГНЕС.

Јас предложив тоа да се случи и денеска, но не беше прифатено од македонската страна, но верувам дека следната година нема да биде така“, рече Демерџиев.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи е на чело на бугарската делегација, која ќе оддаде почит пред гробот на големиот бугарски револуционер Гоце Делчев, кој се наоѓа во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Пред гробот на водачот на ВМОРО се очекува да се поклонат околу 100-150 Бугари. Министерот Демерџиев најави дека има податоци за запрени Бугари долж границата со РСМ.

„Две работи ми се важни – не само дали ќе бидат стопирани, туку и како ќе се обработуваат нивните документи“, рече тој.

Во главниот град на Република Северна Македонија има засилени безбедносни мерки, особено околу црквата „Свети Спас“. Македонските медиуми се жалаат дека не ги пуштаат во близина и дека им се отежнува нивната работа.

Слични Објави