СДСМ: НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА НА 17,8 ОТСТО ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ОД 2019

//

Успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ ги потврдуваат резултатите.

После години на стагнација поради погрешни политики на ВМРО-ДПМНЕ, сега економијата е стабилизирана и се движи во нагорна линија.

Растот на бруто домашниот производ во првиот квартал од 2019 година порасна и изнесува 4,1 отсто, што е најголем раст во последните неколку години.

Активните мерки за вработување, растот на инвестициите и зголемената доверба во економијата даваат позитивни резултати.

Невработеност во првиот квартал од 2019 година е намалена на 17,8 отсто, што е историски најниско ниво на невработеност од независноста до денеска.

За помалку од две години, стапката на невработеност е намалена за 4,8 отсто, а во истиот период отворени се над 49.500 нови работни места.



Ваквите позитивни трендови се дополнителен стимул за уште поголем економски раст.

Извесното полноправно членство во НАТО и напредокот во интеграцијата кон ЕУ дополнително ќе го засили позитивниот тренд на намалување на невработеноста.

Грижата кон граѓаните, кон државата продоложува, зборот важи, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Претходна статија

ЕВТИНИ ЛИКОВИ ЗА ЕВТИНИ КЛИКОВИ

Следна статија

ДЕ ЛИХТ: РОНАЛДО МЕ ПРАША ДАЛИ ДОАЃАМ ВО ЈУВЕНТУС

Најново од Вести