ЕВТИНИ ЛИКОВИ ЗА ЕВТИНИ КЛИКОВИ

Цел ден на „ѕидот фејсбуковски“ ми искача една вест за некаква српска манекенка што јадела ќотек од нејзиниот дечко Турчин. Фрчаат лајкови, коментари, посети, пцовки клетви… и јас доживеав катарза.

Сум го грешел професијата или пак професијата ми ја нападнале молци?

Ја тепал клетиот Турчин убавата Србинка и ја држел заклучена во нивниот заеднички стан. За тоа кој има поседовен лист и кој ја плаќа киријата за станот историјата молчи. Иако во денешниот тотално искомерцијализиран свет е убаво да се знае.

Рајата што чита такви гомно информативни содржини гласа на избори. Тие истите што ја пцујат и и’ се ситат на Србинката дека заслужено јадела ќотек пошо се ебела со „сечен“. се мнозинство во мојата држава и тоа ме плаши. Навистина ме плаши.

Знаете што, приказната за лошиот ага и распуштеницата принцеза можеби е измислена за кликови, ама фактот што Зајковци, Мицковси, Груевци и разните таму нивни потрчковци чекаат позади некоја грмушка за да ги добијат овие потенцијални гласачи е реалност. Токму затоа и понудата е таква каква што е… никаква!!!

Автор: Атанас Величков