| |

Бугарски експерт: Бугарија треба да бара оштета од Гаспром

Русија еднострано реши да го промени договорот за снабдување со гас. Бугарија задолжително треба да бара отштета бидејќи договорот не е испочитуван. Ова за bTV го изјави економистот Евгени К’нев.

Тој објасни дека нема Бугарија нема како да знае дали купила гас по повисоки цени, бидејќи нема со што да според. Причината е што треба да знае каква би била цената во рубљи, бидејќи имало двајца посредници. А сега нема начин како да се пресмета вистинската цена на рускиот гас.

Русија ја прекина испораката на гас за Бугарија на 27 април минатата година, но тоа не ја спречи да бара милијарда евра за неиспорачаните количини.

Техничкиот министер за енергетика Росен Христов во петокот објави дека „Газпром“ бара отштета поради неисполнет договор од страна на „Булгаргаз“.

„Во моментов, гасот што „Булгаргаз“ го продава на нашите потрошувачи е неколку десетици проценти повисок од оној што е достапен на меѓународните берзи. Веројатно постои таква компонента – „Чирен“, но прашање е зошто не купуваме евтин гас од меѓународните пазари, туку мора да го пренесуваме скапиот гас кон потрошувачите токму во зима“, вели експертот.

Според К’нев, во иднина Бугарија може да биде независна од руското нуклеарно гориво за АЕЦ „Козлодуј“ благодарение на договорите што кон крајот на минатата година беа потпишани со американската компанија „Вестингхаус“ и француската „Фраматом“.

„Кој е проблемот со овие санкции ако Чешка и Словачка исто така имаат такви реактори, а тие ни се закануваат со вето“, рече тој во врска со барањето на претседателот Румен Радев да стави вето на следниот пакет санкции за Русија доколку тие влијаат на нуклеарната енергија.

Слични Објави