| |

(Видео) Сведоштво на спасувач од Бугарија, кој се вратил од Турција: Најтешко се надминува тагата во очите на луѓето

Најтешко се надминува тагата во очите на луѓето. Оние кои чекаат околу урнатините со надеж дека нивната сакана личност ќе излезе жива. Ова во етерот на „Здраво, Бугарија“ го изјави Павлин Стефанов, член на тимот на Единицата за итна помош на Столичната општина, кој се врати од Турција.

Според него, најтешко е кога од урнатините ќе се извлече мртов човек и треба да се идентификува. „Нашиот тим пристигна на лице место во Адана за три часа. Нашата Дирекција „Итна помош и превенција“ располага со телескопски камери, дронови за истражување, термални камери и виброфони кои детектираат звуци и плач. Помогнавме да се лоцира едно лице благодарение на опремата што ја имаме“, рече тој.

„Работевме во област каде што зградите биле високи 15 ката. Кога таква зграда ќе се урне, таа станува еден кат. Се почнува од врвот надолу – бетонските остатоци се дробат и се отстрануваат“, објасни тој.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Слични Објави