ВО КИНА 108 НОВИ СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУСОТ, ДВАЈЦА ПОЧИНАА ВО ВУХАН
Кинеските власти објавија дека се пријавени 108 нови случаи на коронавирусот, од кои 98 се поврзани со луѓе што дошле од странство, јавува МКД.мк.
Од 10-те нови домашни случаи, седум се пријавени во областа Хелонгџианг, на границата со Русија, и три во областа Гванџоу, на југот на земјата.
Две лица починаа во Вухан, од каде што вирусот од декември се рашири низ целиот свет.
Според официјалните податоци, вирусот однел 3.341 живот во Кина, додека 82.160 луѓе биле заразени.
Повеќето пациенти оздравеа, но мерките за одржување физичка дистанца и мерењата на телесната температура сè уште се во сила.

