| |

ПРИВЕДЕНИ 134 ЛИЦА ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на нашата држава не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полицијата извршени се 1.779 контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се утврдени лица кои не ги почитувале мерките.

По однос на забраната за движење, во изминативе 24 часа утврдено е дека на ниво на целата држава 172 граѓани не ја почитувале мерката, при што се приведени 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во државен карантин се спроведени 7 лица.



Слични Објави