| |

СДСМ: ПОДДРШКА НА ТЕХНОЛОШКИОТ РАЗВОЈ, ПОЧНУВА СО РАБОТА ДЕЛОВНО-ТЕХНОЛОШКИ АКЦЕЛЕРАТОР

Поддршката во развојот на нови технологии и помошта за новите домашни компании, остануваат дел од приоритетите на Владата предводена од СДСМ со цел обезбедување подобри услови за економски и технолошки напредок.

Во таа насока започна и реализацијата на проектот Научно технолошки парк, кој што претставува место кое ќе привлекува бизниси, ќе го помага нивниот развој, ќе обезбедува помош за развој на претприемништво и комерцијализација.

Со работа започна Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ што е еден од трите столба на Научно технолошкиот парк и веќе се обезбедени првите половина милион евра инвестиции преку Светска Банка и Владата на Република Северна Македонија.

Новиот технолошки парк освен што ќе биде можност за развивање на нови идеи, иновации и изуми, ќе биде можност за младите тука да ги развиваат и започнат старт ап бизнисите , но и истовремено ќе значи задржување на стручниот кадар во државата по завршување на образованието.

Деловно-технолошкиот акцелератор ќе обезбеди програми во две фази, фаза на прединвсестирање и инвестициска фаза. Во инвестициската фаза се планираат почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст.

Центарот стартува во адаптирани простории на ИННОФЕИТ, а наскоро во дворот на Кампусот ќе биде реновирана една од зградите каде ќе има повеќе истражувачки лаборатории и акцелератори, како место кое ќе ги обедини академската и бизнис заедницата и кое ќе пружи услуги и пристап до финансии што треба да поттикнат раст базиран на иновации и знаење.

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат повеќе инвестиции, нови работни места и обезбедуваат повеќе можности за младите.

Слични Објави