Над 12.000 учесници од 70 земји на Софискиот маратон
Рекордни повеќе од 12.000 учесници од 70 земји се вклучија на Софискиот маратон, на кој во првиот натпреварувачки ден на 10 октомври се одржаа трките на 5 и 10 километри, јавува БНТ.
Меѓу учесниците беа шест бугарски министри, градоначалникот на Софија Васил Терзиев, сноубордерот и носител на бронзен медал од Зимските олимписки игри во Милано-Кортина 2026 Тервел Замфиров и целата репрезентација на Бугарија во бокс.
За вториот ден се предвидени трките на 21 и 42 километри, а годинава за првпат во програмата е вклучена и штафетна трка.
