Пулев: Ми претстои патување во Вашингтон, а тема ќе биде одбранбената индустрија
Бугарскиот министер за економија, инвестиции и индустрија Александар Пулев ќе отпатува во Вашингтон, каде што ќе разговара за соработка во одбранбената индустрија, соопшти тој на средба со претставници на бизнисот и локалната власт во Сливен, пренесува 24 часа.
Пулев изјави дека претходно предводел бизнис-делегации во Кина и Индонезија, во кои учествувале претставници на мали и средни претпријатија и на големи компании.
Тој посочи и дека заедно со премиерот Румен Радев бил во посета на Полска, Брисел, Германија и Франција. Според Пулев, пораката од овие средби е дека Бугарија треба активно да учествува во креирањето на европските политики.
