ЛЕКОТ СУМАМЕД ЌЕ СЕ КУПУВА САМО СО РЕЦЕПТ

//

Од денеска се забранува можноста за купување на лекот Сумамед приватно, дознава Канал 5 од извори во здравството.

Единствено лекот ќе може да се купува само со т.н. бел рецепт на товар на Фондот за здравство. Забраната се воведува поради масовното купување на лекот од страна на граѓаните, откако некои истражувања покажаа дека лекот Сумамед е ефикасен во лекувањето на коронавирусот.

Од министерството за здравство уверуваат дека веќе се обезбедени залихи за целото население од овој лек.





Претходна статија

НОВИ 22 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС- БРОЈОТ НА ПОЗИТИВНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВЕЌЕ ИЗНЕСУВА 136

Следна статија

(ВО ЖИВО) ЧУЛЕВ: ЌЕ СЕ ЗАОСТРАТ МЕРКИТЕ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Најново од Вести