| |

Одбележуваме 91 година од раѓањето на големиот македонски Бугарин Панде Ефтимов

На денешен ден пред 91 година во преспанското село Претор е роден големиот македонски Бугарин, новинар, поет и публицист Панде Ефтимов. Тој е внук на револуционерот од редовите на ВМРО Панде Суџов, кој бил убиен од српските поробувачи на Македонија на 23 март 1927 г. во Битола.

Панде Ефтимов е роден на 15 март 1932 г, во преспанското село Претор. Дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Ги информира бугарските власти за пронаоѓањето на Битолскиот натпис на царот Иван Владислав и со негова помош лентата со фотографиите на натписот е предадена на бугарската амбасада во Белград. Бил дел од неколку патриотски организации, кои имале за цел прогласување на независност на Македонија. Поминал 7 години во затворите на комунистичка Југославија во периодите од 1957 до 1961 и од 1971 до 1974 г.

По излегувањето од затвор, бил следен од тогашните безбедносни структури. Работел како учител и како новинар во скопскиот весник „Народна просвета“. Во 2001 г. објавува две книги со поезија, кои излегуваат на бугарски јазик. Во 2007 година добива бугарско државјанство.

Панде Ефтимов умира по долго боледување во Софија на 13 август 2017 г. Во 2018 година постхумно е одликуван со Орден Стара Планина-Втора степен.



Слични Објави