|

Началникот на Генералштабот на Армијата во официјална посета на Вооружените сили на Албанија

Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија.

За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во рамки на посетата предвидена е и средба со министерот за одбрана, Ермал Нуфи.

Фокусот на разговорите ќе биде насочен кон унапредување на билатералната воена соработка, размена на искуства, зајакнување на регионалната и колективната безбедност и стабилност, како и меѓусебна соработка при справување со кризи.

Во текот на посетата, генералот Лафчиски ќе го посети и Полкот за специјални операции на Вооружените сили на Република Албанија, каде ќе присуствува на демонстрација на дел од нивните способности.

Посетата на македонската армиска делегација претставува потврда за одличната соработка и партнерските односи помеѓу двете армии, како и заедничката посветеност кон придонес во колективната безбедност во рамки на НАТО

Слични Објави