ЗАГИНА 17-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ПОКОСЕН ОД „МЕРЦЕДЕС“

Момче загина откако врз него налета девојка со возило. Несреќата се случи вчера наутро на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу с.Подмоље и Авто камп,кога патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Р.(21) од Струга удрило во 17-годишен велосипедист од с.Ливада, струшко.

loading...

Во незгодата, од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде и биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.


loading...