ПЛЕВНЕЛИЕВ ПРЕД БГНЕС: ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ БУГАРИ И АЛБАНЦИ БЕА УБИЕНИ ОД РЕЖИМОТ НА ДИКТАТОРОТ ТИТО

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во ексклузивно интервју за БГНЕС истакна дека десетици илјади Бугари и Албанци биле убиени од режимот на Тито само затоа што му се спротивставиле. Плевнелиев е дециден дека таа вистина мора да се знае и да не се крие.

loading...

„За време на Југославија, беше јасно дека постои режим на Тито, којшто беше вооружен со идеологијата на македонизмот, што е целосно антибугарска идеологија. Не смее да се крие фактот дека врз основа на оваа идеологија беа убиени десетици илјади луѓе во поранешна Југославија. Ова мора да се запомни и да се знае. Десетици илјади Бугари, Албанци и секој што му се спротивставувал на диктаторот Тито биле убиени. Ако ги погледнеме статистиките, овој диктатор е одговорен за одземените животи на околу 700 000 – 750 000 невини луѓе.  Ова е вистина и мора да се знае. Ние разбираме зошто во времето на диктаторот Тито Бугарија беше непријател 1“, вели Плевнелиев во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Извор: zoom.mk

loading...