Румен Леонидов, внук на војводата Леонид Јанков: Српската омраза ги разделува Бугарија и РС Македонија

//

„Отсекогаш сум ги сметал Македонците за мои браќа. Имав големи надежи дека интелектуалците ќе бидат поприспособливи, но со текот на времето сфатив дека најголемите непријатели на признавањето на народот во две земји се поетите во Македонија. Се оддалечив од нив, нашата романтична врска заврши“, изјави познатиот бугарски поет, преведувач и новинар Румен Леонидов во интервју за бугарската информативна агенција БГНЕС.

Румен Леонидов, кој е внук на легендарниот војвода Леонид Јанков вели дека, РС Македонија треба да направи неколку работи, доколку сака да ги подобри односите со Бугарија:

Прво, РС Македонија треба да признае, дека сме имале заедничка историја до 9 септември 1944 година;

Второ, да го запре негативниот однос кон Бугарите;

Трето, да се поправат грешките во учебниците;



„Пред РС Македонија има многу работа, што треба да се заврши, но таму има многу силно влијание на Србија. Русија никогаш нема да дозволи Србија да влезе во НАТО и ЕУ, а Србија, пак, нема да ја пушти Македонија. Дури и навредливото име „Татари“ со кое не нарекуваат доаѓа од руската империјална традиција, која им го наметнала на Бугарите во Волжка Бугарија“, вели Леонидов.

„Направивме многу отстапки, но и тие мора да направат, за да можеме заедно да ги славиме нашите заеднички херои и празници. Што не разделува, ништо – освен српската омраза што се наталожила низ годините“, вели поетот и преведувач Румен Леонидов.

Претходна статија

МПО во одбрана на слободата: Мисии во Белата куќа и Сенатот

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ со 20 градоначалници во вториот круг, СДСМ и ДУИ со седум

Најново од Вести