Бугарско здружение на бегалци и доселеници од РС Македонија испрати писмо до американскиот Сенат и бугарскиот државен врв
Здружението на потомци на бегалците и доселениците од територијата на Република Северна Македонија и пријатели, испрати писмо до раководството на Сенатот на САД, до сенаторот Мајк Браун, автор на нацрт резолуцијата S.RES. 311, до амбасадата на САД во Софија и до бугарскиот државен врв по повод нацрт-резолуцијата S.Res.311, во која се предлага септември 2023 година да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство“.
Како што наведуваат авторите на писмото негов предмет се „неточности за минатото на географскиот регион Македонија во нацрт-резолуцијата S.Res.311 поднесена до Конгресот на САД, која ги загрозува добрите партнерски односи меѓу САД и Бугарија“.
Ви го пренесуваме писмото во целост и без уредничка интервенција:
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПОТОМОЦИ НА БЕГАЛЦИТЕ И ДОСЕЛЕНИЦИТЕ ОД ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ПРИЈАТЕЛИ
ДО ПРИВРЕМЕНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СЕНАТОТ НА САД ПЕТИ МАРЕЈ
ДО ЗАМЕНИК-ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СЕНАТОТ НА САД КАМАЛА ХАРИС
ДО СЕНАТОРОТ МАЈК БРАУН, АВТОР НА НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА S.RES. 311
ДО АМБАСАДАТА НА САД ВО СОФИЈА
КОПИЈА ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАРОДНОТО СОБРАНИЕ, ПРЕМИЕРОТ И МАС МЕДИУМИТЕ
Предмет: Неточности за минатото на географскиот регион Македонија во нацрт-резолуцијата S.Res.311 поднесена до Конгресот на САД, која ги загрозува добрите партнерски односи меѓу САД и Бугарија.
ПОЧИТУВАНА ГОСПОЃО МАРЕЈ,
ПОЧИТУВАНА ГОСПОЃО ХАРИС,
ПОЧИТУВАН Г-ДИН БРАУН,
На 26.07.2023 година, во Конгресот на САД беше воведена нацрт-резолуцијата S.Res.311 од страна на сенаторот Мајк Браун, со која се предлага септември 2023 година да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство“ и да се слави јазикот, историјата и културата на Македонските Американци и нивните неверојатни придонеси за САД.
Ваква иницијатива се презема по трет пат, бидејќи на 22.10.2021 година и 13.09.2022 година беа донесени предлог-резолуции H. RES. 741 и S. RES. 758, кои беа отфрлени од Претставничкиот дом на САД и Сенатот на САД, поради фалсификатите и манипулациите што ги содржеа, поврзани со минатото на географскиот регион Македонија.
Тековната верзија е многу пократка од претходните и е исчистена од голем број лажни изјави. Сепак, и во оваа форма, тој продолжува да содржи целосно докажливи лаги и е пример за уште една кражба на туѓо социо-културно наследство. Нацрт-резолуцијата S.Res.311 повторува дека „од 1880-тите, десетици илјади Македонци имигрирале во Соединетите Држави во потрага по граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност како одговор на Илинденското востание од 1903 г. против Отоманската империја, Балканските војни од 1912-1913 година, Првата и Втората светска војна, Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година и комунистичката политика на Југославија“. На овој начин не е засегнато само социо-културното наследство на Бугарија, туку и на Грција. Во исто време, навидум критикувајќи ја „комунистичка Југославија“, ги поддржува токму пропагандните тези развиени од неа и Москва за вековното постоење на етнички Македонци и македонски јазик – изјави кои не одговараат на објективните факти.
Нашето здружение е создадено од лица кои потекнуваат од групата од над 400 илјади бугарски државјани, потомци на бегалци или доселеници од територијата на денешна Република Северна Македонија, кои пак се дел од околу 1,3 милиони бугарски граѓани кои се самоизјавуваат за своето потекло од географската област на Македонија. Како заинтересирана организација која директно ги изразува интересите на дел од населението со потекло од денешна Северна Македонија, би сакале да го свртиме вашето внимание на фактот дека во наведениот период по 1880-тите, не беше можно да има етнички Македонци во САД, бидеjќи и постоењето на такви не е регистрирано во самата географска област на Македонија. Според податоците од последниот попис во Отоманската империја во 1906 година, кои се официјални, бидеjќи оваа земја владеела со Македонија повеќе од 500 години, вкупниот број Бугари во неа изнесува 762.754 луѓе. Во исто време, Бугарите го претставуваа мнозинството од населението на поголемиот дел од територијата што денес е дел од Северна Македонија. До 1912 година, кога Отоманската империја владеела со географскиот регион Македонија, имало над 1.300 бугарски цркви со 73 бугарски манастири, 7 бугарски епископи и 1.310 бугарски свештеници, како и 1.370 бугарски училишта со 2.266 учители. Во исто време, ниту едно „македонско“ училиште или црква не постоело, ниту еден етнички Македонец не бил регистриран. Во овој период името „Македонци“ не било етнографски, туку географски поим, како Тексашаните во САД.
Мора да нагласиме дека она што во Резолуцијата S.Res.311 се нарекува македонско „Илинденско востание од 1903 година“ не ја опфаќа само територијата на Македонија, туку и територијата на Одринска Тракија, каде што никогаш не живеел ни еден „Македонец“. Предметното востание го крена една организација – Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО) и има една цел – воведување заедничка територијална автономија во Македонија и Одринска Тракија. На сегашната територија на Република Бугарија, востанието целосно ги опфатило денешните Благоевградска, Смолјанска и Карџалиска области и делови од Пазарџишка, Пловдивска, Хасковска и Бургаска области. Нивната вкупна површина е приближно иста со територијата на денешна Северна Македонија, а Бугарија ги има сите причини да биде главен наследник на делото на поранешната ВМОРО, особено што само во Бугарија нејзините идеи останаа недопрени.
Концептот за постоењето на етнички Македонци е развиен во Србија во втората половина на 19 век и има основна цел да послужи како преодна фаза кон денационализацијата на македонските Бугари и нивното постепено приближување кон Белград. Меѓутоа, оваа идеја почнала да добива популарност дури во 1930-тите, кога во 1934 година во Москва била усвоена посебна резолуција на Коминтерната, која за прв пат во историјата зборувала за постоење на посебна македонска нација и македонски јазик. Во пракса, овие идеи почнаа насилно да се наметнуваат по 1944 година, кога во Југославија беше создаден нов писмен македонски јазик врз основа на локалниот бугарски јазик, напишан со изменета српска азбука со вештачко вметнување на србизми во него.
Постоечките документи покажуваат дека до 1944 година, во регистрите за имиграција и во пописите на населението во САД, мнозинството од родените во Македонија биле евидентирани како Бугари, со бугарски како мајчин јазик. Најстарата македонска организација во светот која постои и денес е Македонската патриотска организација (МПО), основана во Форт Вејн, САД во 1922 година од иселеници кои се декларирале како Бугари. Нивниот весник „Македонска трибина“ се издава на литературен бугарски јазик и ја брани идејата за еднакви права на сите етнички заедници во Македонија, од кои бугарската е најбројна. Во Америка, организацијата создава многу македонско-бугарски цркви, во кои функционират и училишта со изучување на литературниот бугарски јазик.
До 1944 година, носители на идејата за македонизмот беа занемарливо малцинство, главно меѓу комунистичките кругови. Таква е природата на првите македонистички манифестации во САД. Бидејќи македонскиот јазик во тоа време не постоел, нивните документи биле пишувани на литературен бугарски јазик. Нивната активност беше финансирана од советските, бугарските и југословенските комунисти, поради што на 5 декември 1947 година, Министерството за правда на САД објави список со имиња на 90 организации кои американската влада ги сметаше за антидржавни и нелојални на идеите на слободата и демократијата. На оваа листа се и Македонско-американскиот народен сојуз и неговото списание „Народна волја“, кое беше првиот и единствен во тоа време пропагатор на македонизмот. На 28 мај 1948 година списокот на антидржавни организации кои дејствуваат на територијата на САД е дополнет со уште 32 имиња. Ова следува по специјалната истрага на ФБИ, која утврдува дека 122-те организации за кои станува збор ја поддржуваат комунистичката диктатура во Источна Европа. На тој начин од САД беа протерани неколкуте македонисти кои никогаш не пишувале на „македонски“ туку на литературен бугарски јазик, поради што немале никаков „неверојатен придонес за САД“, туку ја уништувале американската демократија.
До 1960 година, бројот на Канаѓаните и Американците кои потекнуваат од географската област на Македонија беше помеѓу 50.000 и 75.000, а над 90% од тој број беа Бугари. Во „Харвардска енциклопедија на етничките групи во Америка“ објавена во 1980 година, читаме дека „до Втората светска војна, речиси сите (македонските доселеници во Америка, б.н.) се сметале себеси за Бугари и се идентификувале како Бугари или Македонски Бугари. Меѓутоа, неодамна сето ова почна да се менува. Сепак, околу 50 илјади Македонци сè уште се идентификуваат како Бугари и Македонски Бугари“.
Првата современа македонистка организација на американскиот континент е основана со помош на диктаторот Ј.Б. Тито, водител на комунистичка Југославија, дури во 1959 година во Торонто, коjа подоцна го усвои името Обединети Македонци. Тоа е производ на бугарскиот државен нихилизам, наметнат преку притисокот од Москва и југословенската пропаганда. Во тоа време мала група се отцепи од бугарското друштво „Христо Ботев“ и се обедини со Македонскиот народен сојуз. Врската со бугарштината сè уште не е прекината и затоа формално беше поставена целта да се обедини македонско-бугарската емиграција во Канада, но на „прогресивно-демократска основа“ и да се вклучи во борбата на левите сили. Многу брзо оваа нова организација потпадна под југословенско влијание, а раководството беше заменето со новодојдени емигранти од Југославија и Грција. Во 1962 година се воспоставени официјални односи со новопрогласената и во тоа време неканонска Македонска православна црква, а со југословенски средства била изградена првата македонска црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто. Во тоа време членовите на „Обединети Македонци“ беа малобројни, па дури во 70-тите години не надминуват 500 луѓе, но откако почнаа активно да се поддржуваат од Матрицата на македонските иселеници во Скопје, таа почна да се развива широк пропагандна дејност.
Македонското ослободително движење по 1944 година официјалната државна доктрина на Скопје ја нарече „србокомунизам“. По 1991 година, кога формално беше прогласена независноста на денешна Северна Македонија, комунистичката компонента во идеологијата почна да отпаѓа, но зависноста од Србија остана. На одржаниот референдум беше поставено двосмислено прашање, во кое за идната самостојна држава се предвидуваше „право да влезе во иден сојуз на суверените држави на Југославија“. Во денешно време оваа перспектива се изразува во целосното наметнување на идејата Северна Македонија да биде дел од српскиот проект „Отворен Балкан“, а со помош на Кина се гради комуникациска инфраструктура само на север кон Србија. Како резултат на сето ова, денес политичкиот систем во Скопје функционира во услови на зголемена зависност и целосна контрола од Србија.
Кога нацрт-резолуцијата S.Res. 311 е била поднесена, малку веројатно е било дека фактите што презентираме овде се земени предвид. Сметаме дека тимот на сенаторот Мајк Браун е доведен во заблуда од т.н Обединета македонска дијаспора, катјонска организација со седиште во Вашингтон, создадена во соработка со властите во Скопје, кои долго време се обидуваат да ги игнорираат придонесите на македонските Бугари кои емигрирале во Америка пред Втората светска војна. И тие спаѓаат во групата на македонско-американци, но нивниот придонес и придонесот на нивните потомци родени во Америка не само што се игнорира, туку е и ограбен со тоа што се прогласени за небугари.
Во прилог ви приложуваме два документа на Македонските патриотски организации, кои даваат информации за репресиите и политичките процеси што се случиле по 1944 г..
Со оглед на изнесените факти, апелираме предлог-резолуцијата S.Res.311 да се отфрли поради фалсификатите и манипулациите содржани во неа, кои го навредуваат бугарскиот народ и отвораат пат за дестабилизација на Централниот Балкан. Апелираме до меѓународната демократска заедница да ги поддржи демократските кругови во Северна Македонија, да создаде демократски медиуми независни од Белград, во кои прашањата поврзани со минатото, сегашноста и иднината на Скопје ќе може да се дискутираат слободно и без предрасуди, кршејќи го наследството на минатите злобни југословенски тоталитарни практики и конечно да се постигне национално помирување.
KОПРЕТСЕДАТЕЛ: проф. Трендафил Митев
KОПРЕТСЕДАТЕЛ: доц. Спас Ташев
СЕКРЕТАР: Димитар М. Димитров
Софиja, 31 август 2023

