| |

ЗАЕВ СО НОВ ОБИД ДА ЈА ДЕБЛОКИРА РАБОТАТА НА СОБРАНИЕТО

Премиерот Заев и министрите за внатрешни работи и за правда Оливер Спасовски и Бојан Маричиќ денеска во Собранието ќе се сретнат со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и заменик координаторот на пратеничката група за да разговараат за законот за државјанство.

Реџепи изјави дека тие ќе се обидат да направат компромис, но нема да отстапат од интересите на засегнатите граѓани.

Потсетуваме дека пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива имаат поднесено преку 32.000 амандмани на околу 20 закони, поради тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Левица го блокираа нивниот закон за државјанство.

Слични Објави