ВО ГЕРМАНИЈА ВАКЦИНАЦИЈА СО АСТРАЗЕНЕКА ЗА ЛИЦА ПОД 60 ГОДИНИ САМО ПО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЛЕКАР

Вакцината „АстраЗенека“ или по ново „Ваксзеврија“, ќе може да се дава на лица под 60 години во Германија, но по претходна консултација со лекар.

loading...

Министерот за здравство на Германија Јенс Шпан и 16-те покраински министри за здравство, решија да го суспендираат вакцинирањето со оваа вакцина за граѓаните под 60 години.

Одлуката доаѓа по извештаите за невообичаени појави на згрутчување на крвта кај многу мал број на млади луѓе кои ја примиле.

Премиерот на Баварија Маркус Шредер истакна дека можеби е најдобро граѓаните сами да одлучат дали ќе сакаат да ја примаат или не.


loading...

„Во еден момент, со „АстраЗенека’ ќе треба да почнеме да работиме со голема слобода. Кој ќе сака и кој ќе има храброст, така да се изразам, треба да има можност да ја прими“, вели Шредер.

Освен Германија, препорака за „АстраЗенека“ вчера издаде и Канада која не ги вакцинира лицата под 55 години.