ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: АПЕЛ ДО ФИЛИПЧЕ ДА СЕ НАЈДЕ СООДВЕТНА НЕГА ОД РОДИТЕЛИ НА ШЕСТМЕСЕЧНО БЕБЕ КОЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ

После толку време молење, три недели да ги молам да преземат нешто, видете како диши бебето, како се бори. Сега ќе ја симнуваат на интензивна нега. Докторка Ана вели дека ова било нормално да се случи кај бебето и дека тие знаеле дека тоа ќе се случи, објаснува таткото на шестемесечната Бисера која се бори за живот.

Нека види министерот, нека види Заев каква е состојбата на бебето после толку време молење. 10 доктори кажаа дека бебето требало да се изнеси надвор, а за докторката овде не требало и еве ја состојбата сега, вели таткото на малата Бисера за кого е пратено дури и обезбедување да биде избркан надвор од болницата.

Родителите упатуваат апел до првиот човек на македонското здравство, министерот Венко Филипче дека е потребно да се даде соодветна нега за ова мало дете чија состојба од ден на ден се влошува.

Mајката на Бисера, Александра Алексоска на својот официјален „Фејсбук“ профил уште на 24 февруари побара помош да најде соодветна нега за нејзиното дете.