КОЛЕВ: КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ И ПЛАТИТЕ НА ВИСОКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ

„Потребно е кратење на непродуктивните трошоци. Бараме стопирање на сите тендери. Кратење на платите на министрите, пратениците, градоначалниците и советниците, а потоа анализа за тоа во каква кондиција е буџетот и колкав заем е потребен за надминување на кризата. Се сомневам дека некој можеби сака да ја злоупотреби целата ова паника и хаос“, стои во објавата на официјалната страна на претседателот на ГДУ Петар Колев на социјалната мрежа Facebook.

Во склоп на истата објава има и видео инсерт од гостовањето на Колев во емисијата „168 Аналии и коментари“ на ТВ Стар, од 23 март 2020 г.

Денеска во јавност со речиси исти ставови поврзани со министерските плати излезе и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.