П. КОЛЕВ: ВО ИСТОЧНИОТ РЕГИОН СЕ НАОЃААТ НАЈДОТЕРАНИТЕ ТРУДОВИ ИНСПЕКТОРИ И НАЈИЗМАЧЕНИТЕ РАБОТНИЦИ
Позади ставовите на газдите на конфекциите кои се бунат за одморот на вработените, се крие невоспитување и алчност, изјави Петар Колев, претседател на ГДУ во емисијата „168 анализи и коментари“ на ТВ Стар.
Колев ги повика газдите да се обидат да направат нешто за луѓето од својот регион, бидејќи во блиска иднина ќе останат без вработени.
Според првиот човек на ГДУ, во Штип и во источниот регион ги има најдотераните трудови инспектори и најизмачените работници.
Колев е дециден дека источниот регион не може да се потпира само на бизнисот со текстил.
