КОЛЕВ: ЈАС КАКО ГРАЃАНИН НЕ СУМ ЗАДОЛЖЕН ДА ЈА НАРЕКУВАМ МОЈАТА ЗЕМЈА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
„Не гледам зошто треба да брзаме со имплементацијата на Преспанскиот договор, бидејќи Македонија направи доволно. Мене како граѓанин никој не може да ме задолжи да ја именувам мојата земја како Северна Македонија, изјави претседателот на Граѓанско Демократска Унија, Петар Колев во емисијата „168 анализи и коментари“ на ТВ Стар.
Колев додаде дека имплементацијата на договорот од Преспа треба оди паралелно со патот на Македонија, за влез во Европската Унија.