ПРОНАЈДЕНА МАРИХУАНА КАЈ 20-ГОДИШНИК ОД ТЕТОВСКО ТРЕБОШ

На 18.02.2021 околу 20.50 часот на регионален пат Волковија-Тетово, во Челопек, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане – СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(20) од с.Требош, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.И.(40) од Тетово, му биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

loading...

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


loading...