Ќе се пополнува само позицијата на Милевски, СДСМ тврди дека не се разговара за реконструкција на Влада

/

Владејачката СДСМ денеска демантира дека се разговара за реконструкција на Владата, посочувајќи дека единствената промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа.

СДСМ ги демантира написите во одредени медиуми за наводна реконструкција на Владата. Ниту партиското раководство, ниту највисоките партиски органи, досега воопшто не разговарале за реконструкција на Владата. Единствена промена што ќе следи во составот на Владата е нов министер за локална самоуправа кој треба да дојде на местото на Горан Милевски кој се повлече од функцијата, се наведува во соопштението од СДСМ.



Претходна статија

ОН го повикаа Иран да не користи „прекумерна сила“ против демонстрантите

Следна статија

Мицкоски за кавгите во ДУИ: Не би сакал да се мешам!

Најново од Вести