(ВИДЕО) ПОСТОИ ЛИ СПРЕГА МЕЃУ ВЛАСТА И СУДСТВОТО?

На 13 ноември 2018 г. министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, алудира на тоа дека Обвинителството и Судот треба да бидат „посериозни“ во однос на останатите обвинети во предметите на СЈО. Министерот ги спомна Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска. На другиот ден Божиновски и Јанакиески се најдоа во притвор, а Јанкулоска бидејќи е мајка на 5 месечно бебе, не беше препознаена како потенцијален бегалец?

Месец порано, на 15 октомври 2018 г. премиерот Заев од трибината на Собранието ја објави иницијативата за помирување?

Погледнете го видеото со изјавите за конкретните случувања и донесете сопствен заклучок. Ние како новинари сме должни да прашаме.