Мицкоски за кавгите во ДУИ: Не би сакал да се мешам!

/

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по новинарско прашање околу последните случувања во ДУИ истакна дека не сака да коментира внатрепартиски случувања.

„Не би сакал да се мешам и да ги коментирам работите кои се внатрешни на политичките партии, тоа се нивни внатрешни работи. Јас само посакувам да имаме квалитетна политичка дебата со која Македонија ќе оди напред, а граѓаните ќе имаат надеж дека ќе имаат убава иднина. Да сумирам, случувањата во другите политички партии не би сакал да ги коментирам“, додаде Мицкоски.





Претходна статија

Ќе се пополнува само позицијата на Милевски, СДСМ тврди дека не се разговара за реконструкција на Влада

Следна статија

Поранешен македонски репрезентативец: Го осудувам свирењето на бугарската химна, ова во Разград не се случуваше

Најново од Вести