| |

ПРОНАЈДЕН Е И ВТОРИОТ ТЕЛЕФОН НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева по кој се трагаше.

По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен, се вели во соопштението на Обвинителството.

Телефонот на Катица Јанева е пронајден преку следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, а се наоѓал кај кај друго лице, кое изјавило дека телефонот е добиен како подарок. Со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен.

Слични Објави