ПОТФРЛИ СТАЦИОНАРОТ ЗА КУЧИЊА ВО ШТИП, ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ТИЕ ПОВТОРНО СЕ НА УЛИЦА

//

Прифатилиштето за бездомни кучиња во Штип, поради високи температури одлучи да ги пушти кутрињата повторно низ градот, да лутаат и да бидат на милост и не милост од ладнокрвните “убијци”!

Уште на денот кога се отвори ова прифатилиште, коментарите на социјалните мрежи, укажуваа дека условите за бездомните кучиња се крајно мизерни и нехумани.
Сепак, и покрај негодувањата, надлежните си ја завршија замислената “мисија”.

Само за потсетување, прифатилиштето изгледа како конзерва, изградено од лимови, место кое особено во летните денови претставува вистински пекол за вдомените животни. Но, доколку во лето е неподносливо, овој “дом” кој нема никаква изолација, дефинитивно ќе претставува мизерија и во зима.

Ги повикуваме надлежните,овој проблем да биде земен сериозно во предвид, пропустите и проблемите да се надминат, ова дефинитивно не е решение!



Порталот Аперкат.мк, нуди поддршка и се приклучува кон апелот на Здружението за заштита на животни “Живот” – ШТИП, тие во изминатиот ден ги повика милениците на кутриња за помош, затоа што има неколку бебенца кои имаат неопходна потреба од нега и грижа, сите заинтересирани преку следниот линк можат да контактираат за помош – https://www.facebook.com/animals.shtip/

Извор: Аперкат.мк

Претходна статија

ПРОНАЈДЕН Е И ВТОРИОТ ТЕЛЕФОН НА КАТИЦА ЈАНЕВА

Следна статија

ФОКУС: СЕЛА НЕ ЈА ПОДДРЖА РУСКОВСКА, БАРА ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ОД СТРАНСТВО

Најново од Вести