Поранешен македонски репрезентативец: Го осудувам свирењето на бугарската химна, ова во Разград не се случуваше

/

Роден во Македонија и живее во Бугарија, Дарко Тасевски ги избра Дарик Радио и dsport.bg да го сподели своето мислење за тоа што се случи во понеделникот вечерта во Скопје за време на натпреварот од Лигата на нации помеѓу Македонија и Бугарија. Речиси 20.000 македонски навивачи гласно ја исвиркаа бугарската химна и ги навредуваа бугарските фудбалери.

-Бев на мечот, како и на мечот во Разград“, изјави Тасевски и притоа додава:

-За мене беше големо разочарување. Навистина жалам за тоа што се случи. Ова не е став и мислење на мнозинството од Македонија. Бев и на првиот меч во Разград и немаше таков однос кон македонската химна. Се беше нормално и засновано на почит на спортски настан, како што е натпреварот, кој потоа заврши 1:1.

Го осудувам тоа што се случи во Скопје. Ги познавам момците од двата тима и сигурен сум дека не го прифаќаат тоа што се случи на натпреварот. Сигурен сум дека ако наскоро има уште еден ваков натпревар на репрезентативно или клупско ниво, ова нема да се повтори. Наместо да ги подобруваме нашите односи како соседни земји, ние ги влошуваме со ваквите постапки на поединци. Тоа е жално.



Разговарав со луѓе од Македонскиот фудбалски сојуз и ми признаа дека се разочарани од однесувањето на навивачите при изведувањето на бугарската химна“, изјави поранешниот македонски репрезентативец.

Тасевски за Македонија одигра 50-тина мечеви. Во македонското првенство играше за Цементарница и Вардар, додека во бугарското за Левски и Славија Софија. Во моментов живее во Бугарија.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Мицкоски за кавгите во ДУИ: Не би сакал да се мешам!

Следна статија

(Видео) Француската амбасадорка во Софија: Без Бугарите РС Македонија нема да стане дел од ЕУ

Најново од Вести