(Видео) Ноев: Ако РСМ ги лишува македонските Бугари од европска иднина, нека таа иднина да им ја даде Бугарија
„Она што треба да го направи Бугарија е да се сврти кон македонските Бугари и нивните проблеми и да ги погледне како дел од нас“, изјави дипломатот и поранешен министер за одбрана на Бугарија Бојко Ноев во емисијата „Брисел 1“ на бугарската телевизија Бг Он Ер, каде ги коментираше последните случувања во РСМ по изборите.
„Она што изгледа неповолно од гледна точка на европската иднина на РСМ е остриот јазик што Мицкоски го користи не само кон Бугарија и договореното со нашата земја, туку и кон Грција – обидите што ги направи и не само тој, туку и новоизбраниот претседател на државата да ги ревидира клучните одредби од Договорот од Преспа со Грција На почетокот сме на една нова власт во РСМ, останува да се види дали ова што го слушаме денес е одглас од предизборната борба или станува збор за политичките императиви кои ќе го одредат однесувањето на лидерите на земјата понатаму“, изјави дипломатот Бојко Ноев, поранешен амбасадор во Белгија, шеф на мисијата на Бугарија во НАТО и поранешен министер за одбрана.
Тој изјави дека не само односот на властите во РСМ кон македонските Бугари е пречка за членство во Европската Унија, туку и односот со Грција.
„Агресивниот тон што го користат и кој предизвика одлучни реакции кај грчкиот премиер и грчката политичка елита, значи дека сега има повеќе од една пречка пред Република Северна Македонија за нејзина интеграција во Европската Унија. коментираше гостинот пред познатата бугарска новинарка Милена Милотинова.
„Проблемот е во вклучувањето на Бугарите во Уставот, зад ова се крие една длабока содржина а тоа е токму ликвидацијата на состојбата на немање права за Бугарите во РСМ. За разлика од многу други европски земји, каде што правата на луѓето се загарантирани на индивидуална основа, правата на граѓаните во РСМ се загарантирани врз основа на групните права на етничките групи признати во Уставот. Во Уставот се запишани 6 такви групи освен Македонците: Албанци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми и Турци. Нема Бугари. Уставот и законите обезбедуваат посебна грижа за можноста овие луѓе да имаат контакти со нивните татковини. Прашавме која е татковината на ромската заедница и нема одговор, што покажува дека овие аргументи не се многу суштински и дека односот кон македонските Бугари е мотивиран од сосема други работи, тоа е политика што се водела со децении, а имено да не се негира само нивното постоење, туку и да има забрана да се нарекувате Бугарин во Република Северна Македонија“, објасни дипломатот.
„Секоја група признаена во Уставот има право на своја квота, во зависност од големината на таа група. Тие имаат право на посебни културни права, на нивни училишта и на својот јазик. Тешко ми е да кажам што ги плаши македонските власти и дали се работи за страв или некоја друга мотивација, но со децении македонските Бугари се угнетувани и лишени од правата целосно и рамноправно да се изразуваат со останатите. Кога Бугарија го поддржа барањето на македонските Бугари да бидат рамноправни, тоа и понатаму се одбива. Нивните клубови, културни средишта беа затворени, врз дел од нив беа преземени и физички дејствија“, додаде гостинот.
На прашањето на Милена Милотинова што може и што треба да направи Бугарија за македонските Бугари, амбасадорот Ноев одговори дека нашата земја прво мора да го промени односот како држава кон македонските Бугари.
„Бугарија со години им беше маќеа на македонските Бугари, ние им бевме маќеа не само на нив, туку и на Бугарите од Пиринска Македонија за време на режимот на Георги Димитров, кога по инструкции на Сталин стотици илјади луѓе беа македонизирани со тепање, вклучително и со смрт, насилно беше внесен „македонски јазик“ во училиштата, што воопшто не постоеше, но во текот на овие години Бугарија продолжува да биде маќеа на овие луѓе им се обраќаат често на внатрешни политички причини, кога една или друга бугарска политичка партија ќе реши да тргне по патриотскиот пат и ќе тврди дека е заштитник на овие луѓе за да извлече некакви дивиденди врз основа на чувствата на овој народ. Ние се однесуваме кон тие луѓе со ароганција, многу од нив се чувствуваат понижени“, рече Ноев.
Проблемот не е во одредено министерство, туку во недоразбирањето и омаловажувањето на овој проблем од страна на бугарските политичари и бугарската политичка елита, коментира тој.
„Овој понижувачки однос кон македонските Бугари не може да продолжи. Пред извесно време условите под кои тие добиваа бугарско државјанство дополнително се искомплицираа и се влошија. Ние сме во грев кон овие луѓе и мораме да престанеме со овој лицемерен однос. Она што Бугарија мора да го направи е е да им се обратиме прво на овие луѓе и на нивните проблеми. Второ да ги погледнеме како дел од нас. Тие луѓе кои се чувствуваат Бугари. Не на оние на кои ние им велиме „Вие сте Бугари“, тоа исто така е еден од проблемите. Многумина во Бугарија велат дека сите во Северна Македонија, „се Бугари“, тоа ги навредува оние кои имаат други чувства и не се сметаат за Бугари. Тие луѓе што се чувствуваат Бугари – над 120 илјади македонски Бугари се веќе бугарски државјани, некои бугарски политичари ги нарекуваат „паспортаџии“ – тоа е навредливо“, рече Ноев.
„ Ако РСМ продолжи да се лишува од европска иднина, а со тоа да ги лишува и македонските Бугари од европска иднина, Бугарија мора да им подаде рака на овие луѓе и да им обезбеди европска иднина. Тоа значи дека Бугарија треба да ја преиспита својата политика на строги ограничувања за признавање на бугарското државјанство, но да се воведе поедноставен режим за добивање на бугарско државјанство за сите оние македонски Бугари кои сакаат да станат бугарски државјани. Ние сме должни да ги внесеме овие луѓе во Европа, бидејќи не можеме да ги оставиме повеќе во рацете на оние во Скопје кои сакаат да ги задржат во рускиот или српскиот свет, се надевам дека кога парламентот ќе ги реши важните теми со кои моментално се занимава, ќе се сврти и кон ова прашање. Јас мислам дека во Бугарија има доволно луѓе, кои имаат можност и нивниот глас е доволно силен да им порачаат на бугарските пратеници дека имаме долг кон македонските Бугари, кој мора да се реализира“, рече Бојко Ноев.