Петков: Македонските граѓани со бугарско потекло треба да бидат заштитени од дискриминација
Бугарскиот премиер Кирил Петков во емисијата „120 минути“ на БТВ, рече дека има желба во првата половина на јануари да се сретне со новиот премиер на Македонија.
Петков предложил да има пет работни групи и тоа за економија, инфраструктура, евроинтеграции, култура и историски прашања. Предлага групите да се состануваат секој месец и ако е возможно средбите да не се истовремено, а секоја недела да има заседание на одделна група и да има работни резултати.
„Македонските граѓани со бугарско потекло треба да бидат заштитени од дискриминација и од говор на омраза. Исто така, треба да има и некој инструмент којшто ќе гарантира дека секој таков елемент на дискриминација, ќе биде оценет како неевропски, нагласува Петков.
Според него, прво нешто што треба да се направи, е да се смени реториката.
„Се разбира, и од другата страна има црвени линии. Не можеме да ги занемариме фактите. Полесно е кога ќе видиме колку може да добиеме и од двете страни, да смислиме можности за нештата кои се прифатливи и за двете страни. Нема да отстапиме од нашите сериозни позиции, ќе можеме многу да добиеме заедно, потенцира Петков.
Треба вистинска работа, а не политички слогани, вели Петков, за да се постигне напредок за еден многу краток период.