|

Изложбата „Дипломатија и уметност“ ќе биде поставена во Скопје до 30 јуни

Изложбата „Дипломатија и уметност“ со слики од уметничкиот фонд на Министерството за надворешни работи на Бугарија може да се погледне во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје до 30 јуни. Тоа го објавија на својата Фејсбук страница од Државниот културен институт на Министерот за надворешни работи, кој е и организатор на изложбата.

Од Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје посочуваат дека изложбата ќе остане таму до крајот на јуни, поради големиот интерес за неа.

На изложбата се претставени автори кои твореле во 1940-тите години, а исто така и современи бугарски уметници – Константин Штркелов, Дењу Чоканов, Атанас Михов, Здравко Александров, Васил Стоилов, Владимир Мански, Ванја Дечева, Тодор Динов, Борис Ненов, Владимир Гоев, Најден Петков, Андреј Лекарски, Георги Божилов, Јордан Кацамунски, Светлин Русев, а потоа следуваат Георги Баев, Свилен Блажев, Стојан Цанев, Велико Маринчевски, Иван Милев и Алчек Мишев.

Нивните дела можат да се видат секој работен ден во галеријата на БКИЦ во Скопје на улица Никола Вапцаров бр.6 (од понеделник до петок, од 10:00 до 16:00 часот).

Слични Објави