| |

РАСПИШАНА НАЦИОНАЛНА ПОТЕРНИЦА ПО ИГОР СПАСОВ

МВР распиша национална потерница по Игор Спасов откако тој пред десет дена не се вратил во затворот „Идризово“.

Од МВР известија дека потрагата по Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.

Спасов изминатите 14 месеци од лани во август до сега бил на слобода откако штипскиот суд му ја прекинал казната поради здравствени причини.

Спасов е осдуен за убиството на Мартин Нешковски кој во јуни 2011 за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори, беше брутално претепан затоа што сакал да се качи на бината. Спасов за време на изборите бил во Куманово на задача, но откако се вратил во Скопје бил повикан од колегите обебзедувачи на тогашниот премиер. Освен Спасов никој друг не одговараше за постапките на специјалецот.

Адвокат на Спасов беше струмичкиот адвокат Ване Андреев, познат како близок пријател на актуелниот премиер Зоран Заев. Во таканаречените бомби се открива дека Спасов бил повикан од Дејан Митревски –Урко да дојде на партиската прослава да помогне со обезбедувањето. Спасов неколкупати беше повикан да сведочи и во рамките на истрагата СЈО за настанот.



Слични Објави