ГРАЃАНСКО ДЕМОКРАТСКАТА УНИЈА СЛЕДНАТА САБОТА НА 21 СЕПТЕМВРИ ЌЕ ГО ПРОМОВИРА СВОЈОТ ЛОКАЛЕН КЛУБ ВО БИТОЛА

Граѓанско Демократска Унија денеска го најави отворањето на својот нов локален клуб, овој пат во Битола. Ова е петиот по ред локален огранок на партијата по отворањето на локалните клубови во Штип, Охрид, Куманово и Виница.

Отварањето на локалниот клуб ќе се одржи на 21 септември (сабота) во хотелот Премиер во Битола со почеток од 18 часот.