БУЏАКУ: ДА НЕ СЕ ПАРИТЕ ОД НАДВОР ЦУК НЕМА ДА МОЖЕ ДА РАБОТИ
Ситуацијата во Центарот за управување со кризи е полоша отколку во времето кога се формираше, вели во интервју за Радио Слободна Европа директорот Агрон Буџаку, кој во 2005 година беше првиот директор на оваа институција.
Тој вели дека ЦУК има мал буџет, кој идната година според проекциите на министерот за финансии дополнително ќе се скрати, од кој околу 92 отсто оди само за плати.
Буџаку посочува дека, ако не се меѓународните институции кои помагаат, како УСАИД, јапонската ЏАЈКА и германската институција за помош ГИС и ЕУ, ЦУК тешко би ги вршел своите обврски .

