Јаневска до Царовска: Да ја потсетам дека во рок од 2 месеци ни починаа 3 малолетници од 15 до 17 години

/

Мила Царовска исчезна, но надлежните информираат дека по спроведени 5000 К-19 тестови во училиштата откриле 15 позитивни ученици, коментира Весна Јаневска од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПННЕ.

Таа ја информира исчезнатата Мила Царовска дека:

1. Во Тетово во едно училиште има 4 цели паралелки во изолација.
2. Во болницата Козле пред 2 недели директорот соопшти дека има 23 болни деца од 7 до 17 години.
3. Вчера од болницата Козле соопштија дека таму лежат 22 болни деца од 0 до 9 години
4. Со големо жалење ја потсетувам Мила Царовска дека во рок од 2 месеци ни починаа 3 малолетници од 15 до 17 години.
Толку од веродостојноста на тестирањата, пишува Јаневска.

Во однос на учебниците, МОН соопшти дека учебниците за четврто одделение може да се печатат, ама од тоа да не се прави бизнис.



Ја прашувам Мила Царовска КАДЕ да се печатат учебниците? Во фотокопирница не смее, дома луѓето немаат печатари, училиштата немаат средства. Значи ли тоа дека учебници смеат да печатат вработените на работа и да ги користат средствата на фирмата? Што е многу многу е и ДОСТА Е!

Претходна статија

Тачи: Премиерот ќе продолжи, мнозинството е стабилно

Следна статија

Иван Николов во монографија на англиски јазик ги уништува митовите на македонизмот

Најново од Вести