МЕТЈУ ПАЛМЕР ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ

//

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер денеска ќе престојува во работа посета на С. Македонија. Палмер, како што соопшти Министерството за надворешни работи, ќе биде примен од шефот на дипломатијата Никола Димитров. Се очекува Димитров и високиот претставник на Стејт департментот да дискутираат за севкупниот развој на билатерални односи меѓу Република С. Македонија и Соединетите Американски Држави, како и за поддршката од САД за евро-атлантските интеграции на нашата држава, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот.



Претходна статија

ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА СО ТУЖБА ДО МИЦКОСКИ И ВМРО ДПМНЕ

Следна статија

РАСПИШАНА НАЦИОНАЛНА ПОТЕРНИЦА ПО ИГОР СПАСОВ

Најново од Вести