БУГАРИ СО „ИСПРАН МОЗОК“
Во својата колумна Daminatio memoriae: Осуда на меморијата за македонската нација, професорот Панов пишува за како тоа политичките елити преку договорите со Преспа и договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија ќе го сменат историското сеќавање на македонската нација и таа со текот на времето ќе биде збришана, а само ќе остане нова северномакедонска нација со свое северномакедонско национално сеќавање. Секако ова е само упростен пресек тоа што професорот сака да каже, образолжувајќи дека право на секоја нација е да го создава своето национално минато кое „ станува интегративен атрибут кој ја одржува меморијата за потеклото и за заедничката припадност, што во крајна линија дава смисла на постоењето на нацијата“.
Морам да признаам, интересно размислување со кое што апсолутно се согласувам со професорот кој што многу убаво образложи зошто е важна историјата. Апсолутно се сложувам и со авторот дека, да цитирам, „ Политичката елита која ќе се зафати со промена на меморијата на нацијата, адаптирајќи ја на националните наративи на други држави, всушност иницира процес на креирање нова нација“, алудирајќи на договорите со Бугарија и Преспанскиот договор. Професорот уште еднаш поентира во центар и покажува дека во целост разбрал што е работата и каков е тој процес што се одвива денес пред нас загрижен за судбината на македонската нација.
Да го смирувам професорот навистина немам намера, работата е горе-доле таа што тој ја претстави и излез од тоа по се изгледа нема. Ситуацијата денес некако ме потсетува на сведоштвата од едно друго време пред 75 години кога еден многу сличен процес се случувал во Македонија. Тогаш се бришело едно друго сеќавање, а се создаваше тоа моменталното. Kако што би рекол конвертитот-покајник Венко Марковски:
“От един народ създадохме ний два народа. От език един направихме езика два.
В името на истината бранехме заблуди. Стар ярем разбивахме. Ковехме нов хомот.
На България без жал делехме небосвода. Хвърляхме позор на майка с майчински слова…”
Процес каде што една политичка елита, адаптирајќи го историскиот наратив на наративот на други држави (или една наднационална држава), збриша еден вековен идентитет. Арно ама, тоа не ви пречи премногу, не чувстувате никаква жал ниту пак потреба за осуда на тој процес, нели професоре? За разлика од денешниот кој е во услови на мир, базиран на референдуми, слободни избори и слобода на говор, минатото Daminatio Memoriae беше проследено со стотици стрелани без суд, илјадници затворани и потопувани во езерските води и со 45 годишна диктатура. Се замолчуваа тие што ја кажуваа вистината, а се создаваа трибини за ширење на лаги со една единствена задача, која што според Шатев и Брашнаров е
„ да се ругае всичко българско, макар и да е исторически факт, че илинденците са се чувствали и са действали всякога и навсякъде като хора с българско съзнание“.
Очајничкото писмо на Шатев и Брашнаров кои ја споделија погоре споменатата судбина е големо сведоштво како помина минатото осудување на меморијата. Крваво и со жестоко изопачување на фактите и вистината.
И речиси да успеа, клучен збор е речиси. Затоа и сега го имате моменталниот процес пред вашите очи професоре, а пред се поради кратковидноста на тие што го осудијата споменот за бугарштината во Македонија. И самиот кажавте
„…парадоксот е дека меморијата сепак опстојала и тоа во записите за и од истите политички елити, кои сметале дека со нивниот политички чин ги избришале сите траги од сеќавањето на казнетата личност. Од историска дистанца, ваквите историски личности стануваат крајно негативни и се посочуваат како примери, за да не се заборави и да не се повтори!“.
Минатото кое поранешните политички елити пробаа да го збришат се враќа како бумеранг да ги удри по нос денешните што сакаат да ја продолжат нивната работа. Со тоа што за основа на новата Македонска нација комунистите ги земаат ликовите од ВМОРО и припадниците на бугарската преродба тие вечно ја сврзаа со бугарската идеја.
Бизарно е да градите нов идентитет, кој што наводно нема ништо со Бугарите и се претставува како нешто спротиставено на бугарштината,а за национални столбови да земате личности што се декларирале и чувствувале како Бугари и учествувале во создавањето и ширењето на бугарската национална идеја. Сите обиди да се исперат одредени личности,а други да се фрлат во заборав создадоа една шуплива приказна која што денес почнува да се распаѓа.
Крчмарот си дојде по своето. Што мислеа југословенските комунисти дека Бугарија вечно ќе биде поразена страна и дека нема еден ден да ги извади писмата на Гоце, мемоарите на Даме и другите и да си ги побара назад? Мислеа дека Југославија вечно ќе трае и дека ќе може да држат неколку милиони луѓе во меур и вечно незнаење. Арно ама, не траеше вечно, и требаа помалку од 50 години крваво да се распадне и сега малата Македонија мора сама да се снаоѓа.Тешка е ситуацијата, а сето тоа е поради кратковидноста на тие што го кроеа колективното сеќавање на новата нација, збришувајќи го старото.
Како што веќе споменав, основата на македонскиот идентитет е дека не сме ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, а само и единствено Македонци. Од сите оспорувани и од сите асимилирани, но секогаш свои. Убава и романтична приказна, но зошто тогаш Гоце да е столб на идентитетот? Тие луѓе имаа совршена шанса да создадат една конзистентна приказна каде што можеби сите тие личности си биле Бугари, но ние денес знаеме подобро и затоа сме Македонци. Нешто налик на австријците след втората светска војна. Од една страна ги признавате старите идентитети, но ги отфрлате свесно за да создадете нешто подобро. Тоа сепак не ѝ одговарало, на врхушката на југословенските комунисти, која што го остварила планот да создаде нација која што нема ништо заедничко со Бугарите и е во целост спротиставена на нив.
Бугарската страна со право може да каже дека денешните Македонци кои ги опеваат во химната Гоце, Даме, Јане, а преродбата ја сметаат дека почнува од Пејчиновиќ и Крчовски и достигнува врв со Прличев, Џинот и Миладиновци се всушност Бугари со „испран мозок“. Вие си ги присвоивте како вистински и чисти етнички Македонци и ги користите како доказ за постоење на македонска нација и етникум, и покрај тоа што во реалноста истите си биле со бугарски идентитет и работеле за бугарштината.
Затоа и денес 2 милиони луѓе кои искрено веруваат во тоа што го создаде тогашната политичка елита се соочуваат со големи шокови и национални понижувања.
Автор: Маузер
