(Видео) Ноев: Еден збор ги дели РС Македонија и Бугарија од решавање на меѓусебните спорови

//

„Бугарија и РС Македонија се наоѓаат на еден збор од решавањето на меѓусебните спорови и тој збор е Бугари“, вели поранешниот министер за одбрана на Бугарија и дипломат Бојко Ноев во утринската програма на БТВ.

Според него решавањето на важното политичко прашање за правата на Бугарите ќе донесе со себе и решавање на сите проблеми меѓу двете држави.

„Бугарија има 5 барања како да се спроведува Договорот за добрососедство. Многу важни се правата на македонските Бугари, не се работи за тоа, тие само да бидат вклучени во Уставот“, вели Ноев.

Според дипломатот и поранешен министер, новиот бугарски премиер Кирил Петков, треба да го покани во Софија, новиот македонски премиер кој ќе го наследи Зоран Заев.

„Бугарија е држава на 1300 г. додека Македонија е држава на 30 години, тоа исто така е од големо значење. Бугарија не беше причината за запирање на разговорите во самиот почеток“, изјави Ноев.



Според него идејата за свикување на Консултативниот совет за национална безбедност во однос на РС Македонија од страна на претседателот Радев е добра идеја и иницијатива што доаѓа во токму навреме.

Видеото од целиот разговор со Бојко Ноев можете да го проследите на следниот линк.



Претходна статија

Петков: Македонските граѓани со бугарско потекло треба да бидат заштитени од дискриминација

Следна статија

(Видео) Коридор 8: Стоп за домашното насилство- Биди храбра!

Најново од Вести