| |

Нема напредок по последниот состанок на историската комисија меѓу Бугарија и РС Македонија

Состанокот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија поминал без напредок, јавува БТА. Комисијата на 21 и 22 февруари уште еднаш расправала за тоа како е претставена темата Охридската архиепископија во македонските учебници за VII одделение.

Во првиот состанок за 2025 г се потпишани техничките протоколи од двата состаноци одржани во 2023 година, известија бугарските членови на комисијата. Бугарската страна предложила неколку историски личности со јубилејни годишнини во 2025 година, но на инсистирање на македонските претставници, темата била одложена за следната средба, што треба да се одржи во Софија во април.



Слични Објави