| |

Хистерија крај Вардарот! Бугарите во Албанија се три пати повеќе од северномакедонците*

Пишува: Димитар Русков/БГНЕС

Уште една антибугарска хистерија завладеа со Северна Македонија. Овој пат причина се резултатите од пописот во Албанија, кои покажуваат дека Бугарите во Албанија се три пати повеќе од северномакедонците*. Пописот се одржа во септември-октомври минатата година и е дел од подготовките на земјата за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Главната цел на пописот е да се соберат факти за демографскиот, социјалниот и пред се економскиот профил на идната земја членка на ЕУ. Од информациите објавени од Националниот статистички институт на Албанија, јасно е дека во земјата има 7.057 Бугари, а 2.281 лица запишани под графа North Macedonian.

Овие резултати предизвикаа хистерија кај македонските националистички лидери во Албанија. Од партијата „ Македонска Алијанса за европска интеграција“ (МАЕИ), соопштија дека пописот води кон „асимилација на Македонците во Албанија“, а Панди Јани од „Партијата за слобода на Мала Преспа“, изјави дека „Бугарите во Албанија се само тие што работат во бугарската амбасада во Тирана” – теза систематски ја поддржуваат МАЕИ. Дополнително, тврдат дека во Албанија нема Бугари, бидејќи на пописите последните 100 години не е евидентиран ниту еден Бугарин. партиите најавија дека не ги признаваат резултатите од пописот и ќе бараат тој да се повтори.

Во кругот на шеги, ако се претпостави дека македонските екстремисти се во право, излегува дека бугарската амбасада во Албанија е најголема во светот со над 7 илјади вработени.

Која е вистината?

Пописот во Албанија минатата година беше првиот во кој граѓаните на земјата можеа да означат „Бугарин“ во полето за нивната етничка припадност. Ова се случи откако во 2017 година Албанија го призна постоењето на бугарско малцинство во земјата, заедно со 8 други етнички групи. И тогаш македонските националисти тврдеа дека тоа е грешка и дека во Албанија не постојат Бугари. Македонското малцинство е признаено во Албанија во 50-те години на минатиот век.

Пописот со себе носи нов вид гаранција за заштита на колективните права на Бугарите. Ова нема да им се допадне на локалните македонски екстремисти, бидејќи отсега негирањето на постоењето на Бугарите во Албанија обвинителството ќе го гони како злосторство од омраза.

Големиот страв во Скопје е дека постоењето на бугарското малцинство во Албанија ќе ја докаже измамничката и античовечка природа на современиот македонизам, според кој Бугарите и Македонците никогаш не биле еден народ.

Откако вчера беа објавени резултатите од пописот, научниците и историчарите во Албанија ќе треба да објаснат како се појавиле Бугарите во земјата и од кога датира нивното културно-историско наследство? Дали ова културно-историско наследство и претходи на 1945 година, кога насилно започна создавањето на современиот македонски идентитет врз бугарскиот.

Присуството на Бугарите во Албанија докажува многу важен факт дека Бугарија и Албанија во минатото имале заедничка етничка граница и повеќе од логично е да се претпостави дека дел од бугарскиот народ живеел на територијата на денешна Северна Македонија, многу пред 1945 г. .

Постоењето на Бугари во Албанија ќе му отежне на Скопје да го објасни феноменот, според кој има околу 3.500 Бугари во Северна Македонија, а македонски државјани кои добиле бугарско државјанство по потекло од 2007 година до денес има речиси 140 илјади.

Пописот во Албанија донесе уште една лоша вест за властите во Скопје. Според новата формулација, Македонците во земјава веќе „не постојат“, бидејќи на нивно место се појавиле „северномакедонците“. Очигледно, по промената на името на Северна Македонија во 2018 година, албанските власти го усвоиле пристапот овој дел од своето население да го нарекуваат „северномакедонци“ со цел да се направи разлика помеѓу граѓаните на Северна Македонија и граѓаните на Северна Грција, кои се нарекуваат и Македонци. .

Резултатите покажуваат и нешто друго, а тоа е дека Албанија е решена успешно да се движи по својот европски пат. За разлика од Северна Македонија, земјата сфаќа дека почитувањето на човековите и малцинските права е основна вредност и гаранција за членството во ЕУ.

Фото: БГНЕС

* Под графата Maqedonise se Veriut/ North Macedonian во табелата на Инстат со резултатите од пописот се запишани 2281 човек.

СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА ИЗНЕСЕНИ ВО РУБРИКАТА „ПОЗИЦИЈА“, НЕ СЕКОГАШ СЕ ИЗРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ПОРТАЛОТ „ТРИБУНА“

Слични Објави