| |

ЗАЕВ: ИСФРУСТРИРАНИ ЛУЃЕ ГИ НАПРАВИЈА ИНЦИДЕНТИТЕ НА МЕЧКИН КАМЕН

Говорот на претседателот Иванов охрабри наши граѓани веројатно под дејство на алкохол да нападнат меѓународни важни делегации и високи претставници на Владата и да продуцираат омраза, изјави Заев во отвореното студио 1 на 1тв. Заев ги нарече учесниците во инцидентите на Мечкин Камен исфрустрирани луѓе кои се мотивирани од некого да прават поделби. Премиерот порача дека во моментот на Македонија и треба единство. Заев рече дека оваа мала група не може да го подели општеството, бидејќи сите се свесни дека Македонија има еден правец кон интеграцијата во НАТО и ЕУ. Премиерот изјави дека никој од противниците на договорот не дал подобар предлог за договор. Тој постави лаконско прашање, како две десничарски партии во Грција и Македонија ќе постигнеле подобар договор и ако тоа е така зашто не го направиле за тоа. Тој го прозва и Иванов за неговата пасивност, кој имал шанса да направи исчекор напред, но не го направил тоа.



Слични Објави