| |

Пред Божик режимот на Вучиќ ги прогласи Бугарија, Хрватска и Албанија за историски непријатели

Во пресрет на божикните и ногодишни празници српскиот провладин медиум „Блиц“ објави текст со изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ, во кои тој тврди дека Бугарија, Хрватска, Албанија се историски непријатели на Србија и биле користени од големите сили за „закочување на Србија на патот на нејзиниот напредок“, пренесува БГНЕС.

Според Вучиќ, Србија веќе четири години чека на отворање на Кластер 3 во процесот на пристапување кон Европската унија, а дел од соседните земји, како што наведува, го попречуваат нејзиниот европски пат. Тој изјавил дека големите сили ги користат малите држави во регионот за ширење антисрпска пропаганда и за заплашување на нивното население со Србија.

Во текстот се цитираат и аналитичари кои тврдат дека поддршката за независноста на Косово и резервите кон напредокот на Србија во евроинтеграциите се дел од поширок притисок врз Белград.

„Блиц“ потсетува дека Вучиќ изјавил оти српската влада ќе продолжи со реформите и активностите на европскиот пат, иако, како што навел, не очекува значајни промени во односот на Европската унија кон Србија.



Слични Објави