| |

Габриел ќе ја претстави кандидатурата на Бугарија за членство во Советот за човекови права на ОН

Вицепремиерката и шефица на бугарската дипломатија Марија Габриел ќе ја претстави кандидатурата на Бугарија за членство во Советот за човекови права на ОН во периодот 2024-2026 година. Настанот на кој се поканети претставници на дипломатскиот кор во Бугарија ќе се одржи на 5 септември со почеток од 17.00 часот во Националната галерија „Квадрат 500“, јавува БГНЕС.

Во периодот 2019-2021 година, Бугарија го исполни својот прв мандат како член на Советот за човекови права. Како членка на Советот во 2024 – 2026 година, Бугарија се обврзува да:

Поддржува мерки и политики насочени кон борба против сите форми на дискриминација и нетолеранција;

Промовира вклучување на жените и девојките на лидерски позиции во сите сфери на животот;

Ги штити правата на детето, вклучително и правото на универзален пристап до образование за секое дете;

Учествува во меѓународните напори за борба против дезинформациите, промовирање на слободата на медиумите и заштитата на новинарите.

Слични Објави