Одземена лиценцата на БЕГ, одлучи Регулаторна

/

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која престанува да важи Одлуката за издавање на лиценца за вршење на дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител. Ова значи дека Друштвото за производство на топлинска енергија производство на топлина „Балкан Енерџи ДООЕЛ“-Скопје повеќе нема лиценца за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија од страна на регулиран производител, појаснуваат од РКЕ.

Оваа одлука следува по претходно одржана подготвителна седница во врска со барањето на „БЕГ“ за престанок на лиценцата за вршење на енергетската дејност регулирано производство на топлинска енергија.

Ова е една од трите лиценци што ги има „БЕГ“ и од оваа компанија имаме најава дека во следниот период ќе поднесе и барања за престанок и на лиценците за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија по што РКЕ ќе донесе соодветни одлуки. За денешната одлука согласно Законот за енергетика, ја известивме Владата која сега треба да спроведе постапка за избор на вршител на енергетска јавна дејност-производство на топлина по што обврската ќе ја преземе компанијата што ќе биде избрана во постапката избрана од Владата“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.



Како клучни причини во барањето за престанок на важноста на лиценцата „БЕГ“ ги наведува: кредитната неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето поради многубројни судски против „БЕГ“, оспорување на законитоста на лиценцата за регулирано производство на правни лица и институции, како и оспорување на валидноста на договорот за закуп на основни средства.

Извор: Темите

Претходна статија

Бугарското МНР бара состанок со Комисијата за надворешни работи за позицијата со РС Македонија

Следна статија

Стаменкоска-Трајкоска: Проблеми при уписите во средното образование, децата не знаат дали се примени во училиштата

Најново од Вести