(Видео) Deep Zone Project со Бисера и Лидија ни нудат „Нешто по така“
Познатиот бугарски електро-хаус бенд Deep zone project ја објави својата најнова нумера во соработка со двете млади талентирани бугарски пејачки Бисера и Лидија.
Музичкиот проект е со наслов ,,Нешто по така ” и под него се потпишуваат Deep zone project и Бисера и Лидија. Аранжманот, миксот и мастерингот се дело на Dian Solo а автор на видеото е Радостин С’бев – Шошо.
Deep zone е познат бенд во Бугарија, тие учествуваа на Евровизија во 2008 година со песната DJ take me away. Во тоа време со вокал Јоанна Драгнева.
Бисера и Лидија се познати на бугарската јавност а и пошироко со нивните преработки на бугарски изворни песни со модерно клубско звучење. Нивни најпознати дела се ,,Рано ми е”, преработка на песна на познатата бугарска пејачка Олга Борисова , а исто така ,,Срце” и ,, Гледај ме”, кои се нивни авторски проекти.
