Прв национален фестивал на маскарадни игри „Џамала“ во Ќустендил
Првото издание на Националниот фестивал „Џамала“ 2024 година, се одржува денеска во Ќустендил, јавува БГНЕС.
Фестивалот започна во 10:00 часот бугарско време на плоштадот Велб’жд и ќе продолжи во текот на целиот ден, а за претставување на богатството на маскарадните игри во Ќустендил ќе пристигнат повеќе од 1.500 џамалџии, кукери, сурвакари и бабугери од Ќустендил и од земјава, информираат од општина.
За првпат во Бугарија вратите ќе ги отвори и „Џамалџиско село“ каде занаетчиите ќе ги покажат своите дела на тема маскенбал, како и вештините во занаетчиството.